29.4 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мистериозната порака на министерот Лимани ја тресе коалицијата: кому му порача „ајде, одете“?

Министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, во четвртокот објави нејасна и иронична порака на социјалните мрежи, што предизвика шпекулации за можни тензии во рамките на партијата БЕСА но и на владејачката групација ВРЕДИ, пишува порталот Тетова сот.

„Останувате ли?… Не, не, си одиме. Ајде тогаш, одете“, напиша Лимани на албански јазик, користејќи стил што потсетува на реториката на косовскиот премиер Албин Курти, без да наведе кому му е наменета пораката.

Лимани, кој во јавноста важи за близок до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ воедно и премиер Христијан Мицкоски, не даде дополнително појаснување за значењето на статусот, а неговиот кабинет не одговори на барањето за коментар.

Според неофицијални извори на порталот, пораката се однесува на Движењето БЕСА, во контекст на нејзината улога и позиционирање во владата. Односите меѓу Лимани и лидерот на БЕСА, Билал Касами, подолг период се опишуваат како затегнати, додека извори наведуваат и заладени релации со функционерот Аднан Азизи.

По локалните избори Касами наводно инсистирал Лимани да биде сменет, но барањето било веднаш отфрлено од страна на Мицкоски. По ова, Касами предложил да се дискутира и опцијата за напуштање на владата, при што не наишол на подршка кај останатите лидери на ВРЕДИ.

Related posts

Сертификатот од Кембриџ е безвреден само во партиските назначувања

admin

Бујар Османи: Ако се чепне јазикот, Рамковниот договор престанува да важи

admin

Од историски криминал до историски проект за ВМРО- ДПМНЕ

admin

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ во јавноста шири хистерија, а во амбасадата на САД “преди како маче”

admin

Во Кавадарци се одбележи четири годишнината од членството во НАТО

admin

Касами со до правосудните органи: Вистинските виновници за трагедијата во Тетово се Анѓушев и Филипче

admin