22.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Антидискриминаторска мрежа предупредува на говор на омраза во дебатата за возачките дозволи

Мрежата за заштита од дискриминација денеска предупреди дека јавната дебата за примената на законските услови за управување со моторни возила во изминатите денови била проследена со сензационализам, генерализации и говор на омраза, што, според неа, дополнително ги продлабочува општествените поделби.

Во соопштение до јавноста, Мрежата потсети дека законите важат подеднакво за сите граѓани, но и дека институциите имаат обврска да создадат услови законските критериуми да бидат реално и еднакво применливи за сите општествени групи.

„Кога таквите услови не постојат, последиците најчесто ги трпат веќе ранливите заедници, што ја продлабочува недовербата во институциите и правниот систем“, се наведува во реакцијата.

Мрежата оценува дека јавниот дискурс брзо се оддалечил од конкретното прашање за непочитување на сообраќајните прописи и прераснал во поширока стигматизација на ромската заедница, со што се зајакнуваат постојните стереотипи и нееднаквости.

Според Мрежата, структурните проблеми со кои се соочуваат Ромите – ограничен пристап до образование, вработување и основни услуги – и понатаму остануваат нерешени, а репресивната примена на законите без паралелни инклузивни политики може да има непропорционални последици.

Организацијата повика институциите доследно да реагираат на говор на омраза и закани со насилство во јавниот простор и побара внимателен и одмерен тон во јавната комуникација, особено од страна на носителите на јавни функции.

Мрежата ги повика и медиумите да известуваат одговорно, без сензационализам, и да ги отстрануваат коментарите што содржат говор на омраза или повици на насилство, оценувајќи дека јавниот дискурс има директно влијание врз општествената кохезија.

Related posts

ДУИ се жали дека им се крадат пратенички места

admin

Судиите и обвинителите меѓу интегритетот и политичката спрега

admin

Јаневска: Учебници ќе има за секое дете следната учебна година

admin

СДСМ со документи од „свиркачи“ бара оставка на шефот на АНБ

admin

Сипаниците ги косат стадата: До 10.000 овци угинати

admin

ДУИ: ОВК е сè за Албанците, а не ништо, министерке Јаневска!

admin