26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Трагедиите во Букурешт и Кочани ја отворија дебатата за превенција и институционален одговор

Недостатокот на превенција и безбедносни стандарди ги поврзува пожарите во романскиот клуб „Колектив“ во 2015 година и дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека разликите во евакуацијата, здравствениот одговор и институционалната координација ги покажуваат клучните лекции за спасување животи, беше оценето на јавна дебата одржана денеска во Скопје.

На дебатата „Букурешт – Кочани: Научени лекции и пат до заздравување“, романските спасувачи го споделија искуството од трагедијата во која загинаа 64 лица, нагласувајќи дека пиротехниката, преполниот објект и ограничените излези биле клучни фактори за брзото ширење на пожарот.

Раед Арафат, државен секретар во романското Министерство за внатрешни работи, изјави дека пожарот во „Колектив“ се проширил за неколку секунди по активирањето на пиротехниката, при што горела звучната изолација, а единствениот функционален излез бил сериозно тесно грло за евакуација.

„Иако капацитетот бил за 80 лица, во клубот имало околу 400 гости. Тоа директно влијаеше врз бројот на жртвите“, рече Арафат.

Според него, пожарот бил изгаснат за две минути, а итните служби воспоставиле коридор од амбулантни возила за транспорт на повредените. Вкупно 152 лица биле хоспитализирани, од кои 88 биле интубирани.

Арафат посочи дека институциите биле под силен притисок дел од повредените да се лекуваат во странство, додавајќи дека еден пациент починал за време на медицински транспорт.

Романските власти најавија построги законски мерки, вклучително и целосна забрана на пиротехниката во затворени простории и казни до 20.000 евра за надминување на дозволениот капацитет. Учесниците на дебатата ја истакнаа и улогата на европскиот механизам за цивилна заштита како клучен фактор во вакви кризни ситуации.

Related posts

Европратеникот Вајц го одложи гласањето за извештајот за Северна Македонија по притисок од бугарски пратеници

admin

Директор на болница барал 20.000 евра за хоспитализација на пациент

admin

Станот станува луксуз во Европа: ЕУ мобилизира 43 милијарди евра, но потребни се 150 милијарди годишно

admin

Апасиев: Ајде бујрум нека се случи 2001, да видиме кој ќе го извлече подебелиот крај!

admin

ЕУ воведува санкции и за земјите кои ги заобиколуваат санкциите кон Русија

admin

Русија подготвува предлози за можен нуклеарен тест, потврди Лавров

admin