27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Наместо Лимани, Касами го разреши партиското раководство

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови го разреши Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за обединување на коалицијата ВЛЕН во единствен политички субјект, соопшти партијата.

Собранието оцени дека со одлуката се отвора патот за понатамошно структурирање на ВЛЕН, повикувајќи се на мораториумот за партиски активности што го договориле субјектите кои ја сочинуваат коалицијата.

Претседателот на Беса, Билал Касами, изјави дека бил овластен да ги продолжи разговорите за иднината на ВЛЕН, со цел обединување во една партија. Според него, решението треба да се темели на „принципот на правда“ и да ја одразува волјата на гласачите на ВЛЕН и на Албанците во земјата.

На седницата била разгледана и работата на функционерите на Беса во Владата. Касами изјави дека партијата има капацитет за „многу повеќе работа“ од досега реализираното.

Анализата на работата на функционерите ќе продолжи во наредните денови, а наодите ќе бидат земени предвид при следната реконструкција на Владата, се наведува во соопштението.

Беса соопшти дека учеството во Владата го смета за средство за поефикасна служба кон граѓаните, особено кон Албанците, и дека идните одлуки ќе се водат од тој принцип.

Related posts

Платата испарува на „храна и пијалоци“ – месечните трошоци стигнаа 63.908 денари!

admin

Косово не избра претседател, земјата оди на предвремени избори

admin

Рајков: Скопје им губи време на граѓаните со одложување на уставните измени

admin

МВР со итно предупредување: Ако слушнете хеликоптер, веднаш приземјете го леталото

admin

По војната со Иран, аларм во Вашингтон: Залихите на „Патриот“ и THAAD се опасно намалени

admin

Таксистите во 2022 превезувале над 13 милиони патници

admin