5.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Народната банка слави 80 години

Народната банка на Северна Македонија оваа година одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење, истакнувајќи ја својата долгорочна улога во одржување на макроекономската стабилност и развојот на финансискиот систем.

Од банката соопштија дека јубилејот ја рефлектира динамичната и одговорна еволуција на институцијата, обележана со постојани трансформации и прилагодување на современите економски и финансиски предизвици.

„Овие осум децении сведочат за стабилноста, довербата и компетентноста на нашата институција во обезбедување сигурен и функционален финансиски систем за граѓаните и бизнис заедницата“, изјавија од Народната банка.

Во текот на своето постоење, банката реализираше значајни проекти и иницијативи насочени кон унапредување на платежниот систем, развој на домашните финансиски пазари и поддршка на економскиот раст на земјата.

Related posts

Бугарија да одзема државјанства заради говор на омраза

admin

Уставниот суд ќе одржи Подготвителна седница за Законот за јазиците, отворена за јавноста

admin

Нова офанзива на ДУИ: Од Касами и Меџити бараат да кажат кога ќе ја напуштат Владата

admin

ДУИ обвинува: 83 владини записници не се објавени на албански јазик

admin

Заев за ТВ 24: Не е точно дека сум имал тајни средби со Груевски и Ахмети за КЗ

admin

Истражување на РСЕ: До каде се истрагите за милионските корупциски афери?

admin