11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Северна Македонија и Албанија ја потврдија посветеноста на заедничкиот пат кон ЕУ

Северна Македонија и Албанија ја потврдија својата посветеност на заедничкиот пат кон Европската унија и продлабочување на регионалната соработка за време на официјалната посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај на Скопје.

Албанскиот претседател се сретна со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши.

По средбата во Собранието, Гаши изјави дека двете земји имаат „искрено пријателство и партнерство“ и оти очекува соработката дополнително да се интензивира, особено во контекст на евроинтеграциите и регионалните иницијативи.

Бегај во обраќањето пред пратениците рече дека Северна Македонија и Албанија немаат отворени билатерални спорови, што, според него, претставува добра основа за продлабочување на економската и инфраструктурната поврзаност. Тој го посочи Коридорот 8 како „конкретен пример за поврзување на економијата и безбедноста во регионот“.

Претседателката Сиљановска-Давкова го пречека Бегај со највисоки државни и воени почести, нагласувајќи дека двете земји делат заедничка визија за европска иднина и стабилен регион. Таа оцени дека партнерството со Тирана е „природно и стратешко“.

Премиерот Мицкоски, по средбата со Бегај, соопшти дека разговарале за зајакнување на билатералните односи, унапредување на трговската размена и координација во процесот на пристапување кон Европската унија. Тој истакна дека стабилноста на Западен Балкан останува клучен приоритет.

Во рамки на посетата, Бегај го посети и скопската општина Чаир, каде што положи цвеќе на споменикот на Скендербег и се сретна со локални претставници. За денеска е најавена и посета на Тетово.

Официјалните претставници од двете страни порачаа дека очекуваат засилена координација во рамки на регионалните иницијативи и забрзување на реформите поврзани со европската агенда.

Related posts

Ганиу удри по Арсовска: Ѓубрето назад кај тие што го заборавија Чаир!

admin

Незири во Аргумент плус: Победата на Курти носи две опции, коалициска Влада или техничка Влада и нови избори

admin

Паѓа довербата во Собранието, граѓаните не гледат дека се претставени од пратениците

admin

Меџити и Касами слават: 200 милиони евра за автопатот што ќе ги спои Скопје и Приштина

admin

Дали Спасовски ќе се кандидира за претседател?

admin

Столтенберг: Нема планови за НАТО трупи во Украина

admin