Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) апелира до македонските државјани во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Израел внимателно да ја следат безбедносната состојба и да се обратат до амбасадите за помош.
Министерството формираше кризен штаб кој е достапен 24 часа за поддршка и координација на евакуација. Според МНР, бројот на граѓани кои се затечени во загрозени подрачја расте, а 11 македонски државјани побарале евакуација од Израел.
Амбасадите во Доха, Абу Даби и Тел Авив советуваат граѓаните да се наоѓаат во безбедни зони, да обезбедат основни залихи и да ги следат сите инструкции од надлежните власти.

