27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Доживотни казни за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, таткото на Вања ослободен од обвинение

Основниот кривичен суд во Скопје во вторникот изрече доживотни казни затвор за четворица обвинети за грабнување и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа прогласени за виновни за двојното убиство што ја потресе јавноста во Северна Македонија на крајот од 2023 година. Сите четворица добија и по 10 години затвор за грабнување, но им беше изречена единствена казна – доживотен затвор.

Судот го ослободи таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, од обвинението дека им давал информации за движењата на својата ќерка, со образложение дека Јавното обвинителство не обезбедило доволно докази надвор од разумно сомневање.

Судијата Ивица Стефановски соопшти дека осудените ќе останат во притвор до правосилноста на пресудата. Во меѓувреме, на Ѓорчевски му е укинат куќниот притвор и ќе биде пуштен на слобода.

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска најави жалба на ослободителната пресуда за Ѓорчевски. „Несомнено е дека само родителите знаеле дека девојчето ќе оди само во училиште. Да не знаеле, немаше да има грабнување,“ рече таа.

Одбраната, пак, тврди дека случајот останал нецелосно расветлен. „Оваа одлука е законита, но суштински празна, бидејќи не добивме одговори на клучните прашања – зошто беше киднапирано и убиено детето и зошто толку се инсистираше Александар да биде дел од оваа постапка, иако немаше докази против него,“ изјави неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.

Според обвинението, групата планирала да ја грабне Вања со цел да изнуди откуп од нејзиното семејство. Панче Жежовски, пак, бил грабнат во Велес со цел да им го предаде своето возило, кое подоцна било користено за киднапирањето на девојчето во Скопје.

Двете жртви беа пријавени за исчезнати во ноември 2023 година. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември во близина на Скопје и Велес.

 

Related posts

ТРАМП ВЕЧЕРВА СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА ОБЈАВИ ТРЕТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

ninja

Џафери во жешка фотелја: Кои се приоритетите на владата?

admin

Мицкоски на средба со Касаноф: Американска поддршка за Македонија и приоритети за иднината

admin

И да има зголемување на партиципацијата за студирање, нема да биде на грбот на студентите

admin

ВРЕМЕТО КАКО ЛЕК ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

admin

Алиу најави закон за олеснување на трансплантација на бубрег

admin