Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, соопшти дека попладнево остварил телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
Муцунски изразил цврста солидарност и целосна поддршка кон ОАЕ, упатувајќи сочувство за жртвите од нападите. Тој остро ги осудил нападите извршени од Иран, оценувајќи ги како сериозна повреда на меѓународното право, вклучително и почитување на државниот суверенитет и територијалниот интегритет.
„Во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман за спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот“, додаде Муцунски.

