10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Уставни измени нема без гаранции – Ќе чекаме и децении

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да прифати уставни измени „по секоја цена“ доколку не постои јасен исход од процесот и конкретни гаранции за заштита на македонскиот идентитет.

Тој нагласи дека реформите поврзани со европската интеграција остануваат приоритет, но додаде дека уставните измени нема да се спроведат под услови кои, според него, директно го засегаат националниот идентитет без предвидливост и конечен резултат. 

„Нема да влегуваме во авантура без јасен крај,“ рече Мицкоски, додавајќи дека земјата е подготвена да чека „и со децении“ доколку не се обезбедат соодветни гаранции во процесот на пристапување кон Европската унија. 

Премиерот повтори дека клучен услов за уставни измени е добивање јасни гаранции од европските партнери за текот на евроинтегративниот процес, како и за заштита на македонскиот јазик и идентитет. 

Изјавите доаѓаат во време кога отворањето на преговарачките кластери со Европската унија е поврзано со уставните измени, вклучително и внесувањето на Бугарите во Уставот, што останува едно од најспорните политички прашања во земјата.

Владата, според Мицкоски, ќе остане фокусирана на реформската агенда, но нема да презема чекори кои би можеле да доведат до неизвесен или неповолен исход за државните интереси.

Related posts

ПРЕСУДА ЗА ОКТА: РСМ ТРЕБА ДА ПЛАТИ МИЛИОНСКА ОТШТЕТА

ninja

Анкетата на ИРИ во Северна Македонија покажува зголемување на руското и кинеското влијание

ninja

ЕУ напредува без Северна Македонија: „Супер вторник“ ја отвори болната дилема – каде згрешивме?

admin

Пендаровски стави параф на законите за коридорите, Груби ја поздрави одлуката

admin

ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА РАЗРЕШИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЕВА КАИЛИ

ninja

Како санкциите на САД врз руската нафтена индустрија ќе се одразат и на македонскиот пазар со горива

admin