20.3 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Сијарто ги отфрли обвинувањата за пренос на доверливи ЕУ-информации до Русија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги отфрли обвинувањата дека со години ѝ пренесувал доверливи информации од Европската Унија на Русија, оценувајќи ги како „лажни и манипулативни“.

Обвинувањата, кои предизвикаа нови тензии во односите меѓу Унгарија и дел од партнерите во Европската Унија, сугерираат дека унгарскиот дипломатски врв споделувал чувствителни информации од состаноци со претставници на ЕУ со Москва.

Сијарто категорично ги негираше наводите, без да даде дополнителни детали, додека официјална Будимпешта се најде под зголемен притисок да одговори на прашањата од европските институции.

Во меѓувреме, унгарскиот премиер Виктор Орбан нареди истрага за наводно прислушување на министерот за надворешни работи, опишувајќи го случајот како „сериозен напад врз Унгарија“.

Европската комисија побара од унгарските власти објаснување за обвинувањата, додека дел од европските лидери изразија загриженост за можни безбедносни ризици и недостиг на доверба во рамките на ЕУ.

Случајот дополнително ги заострува политичките тензии меѓу Будимпешта и Брисел, во време на веќе чувствителни односи околу надворешната политика и безбедносните прашања.

Related posts

Сведоштва за хаос и 30 секунди до катастрофа: како се развивал пожарот во „Пулс“

admin

Поради Газа: ЕУ го доведува во прашање договорот со Израел

admin

Агелер: Никој не е над законот

admin

БЕКТЕШИ – АКО НЕ ЈА ПОЕВТИНИТЕ ХРАНАТА ЌЕ ВИ ЈА УКИНЕМЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА

ninja

Нафтата поскапе по новите напади меѓу Вашингтон и Техеран

admin

Николоски: Нашите проекти се највидливи во државата

admin