12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Уапсени 13 возачи низ државата, одземени шест автомобили поради опасно возење

Полициските службеници во изминатото деноноќие привеле 13 возачи низ целата држава поради опасно и безобѕирно управување со моторни возила, а шест автомобили се одземени, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според информации од полицијата, меѓу приведените се и возачи под дејство на алкохол, лица без возачка дозвола и таксисти кои ја прекршиле сообраќајната регулатива во Скопје.

Во Гостивар, двајца млади возачи биле приведени поради управување возило без возачка дозвола, а пет други лица од Тетовско и Гостиварско биле лишени од слобода по слични прекршоци.

Во Кичево, двајца возачи кои претходно имале забрана за управување со моторно возило биле запрени и приведени, а нивните возила одземени.

МВР соопшти дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат низ целата земја, со цел да се спречат сообраќајни незгоди и да се обезбеди поголема безбедност на патиштата.

 

Related posts

Се тресе ВЛЕН? Меџити и Азизи во судир, се споменуваат ДУИ и Таравари

admin

Тренчевска: Стравовите за безбедноста на работниците бргу ќе исчезнат затоа што „Бехтел и Енка“ е сериозна компанија

admin

Историски Самит во Тирана: Европа доаѓа во срцето на Балканот за да одлучи за иднината на континентот

admin

Франција не сака канцеларија на НАТО во Јапонија

admin

Москва е нападната, итна евакуација на населението

admin

Трамп во жесток напад: New York Times е закана за националната безбедност

admin