Трагедијата во Кочани претставува сериозен аларм за државата и откри долгогодишен институционален застој, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.
Говорејќи во емисијата „Топ тема“ на Телма, Митева рече дека системот „предолго бил во длабок сон“, оценувајќи дека настанот бил „тешка лекција“ за институциите.
Таа додаде дека во изминатиот период институциите ги засилиле процедурите и работат на враќање на функционалноста на системот.

