10.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Пролетта почнува денес, прогнозите најавуваат потопол период

Астрономската пролет на северната хемисфера започнува денес во 15:46 часот, додека на јужната полутопка во исто време настапува есента, покажуваат податоците од астрономските друштва.

Првиот ден од пролетта е 79-тиот ден во годината и ќе трае 12 часа и 8 минути, со постепено продолжување на денот во наредниот период.

Сезонските климатски прогнози укажуваат дека голем дел од светот влегува во потопол период од вообичаеното, додека сигналите за врнежи остануваат понеизвесни.

Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен, повремено засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од минус 2 до 3 степени Целзиусови наутро, до максимални 8 до 16 степени во текот на денот.

Метеоролозите предупредуваат дека, и покрај календарскиот почеток на пролетта, утринските и вечерните часови ќе останат студени во наредните денови.

Related posts

Бој Џорџ испадна, Израел предизвика најмногу реакции на Евровизија

admin

Бугарија ќе изгради 2,5 км. до РСМ најдоцна до 2030 година

admin

1,56 милиони долари годишно за лобирање: Кој ја турка македонската агенда во Вашингтон?

admin

Војната со Иран станува сè поскапа: Пентагон бара уште 87 милијарди долари

admin

Центристичката партија D66 победува на изборите во Холандија, поразувајќи го крајнодесничарот Вилдерс

admin

Објавен нацрт-Извештајот од скринингот, Маричиќ: Основа за клучните документи

admin