14.8 C
Скопје
25 октомври, 2026
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува за 2,5 денари од полноќ, бензинот БС-95 поевтинува за 0,5 денари

Цената на дизелот од полноќ ќе се зголеми за 2,5 денари по литар и ќе изнесува 98 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, додека бензинот Еуросупер БС-95 ќе поевтини за половина денар, на 83,5 денари за литар.

Цената на Еуросупер БС-98 останува непроменета на 85,5 денари за литар.

Од Регулаторната комисија соопштија дека во новата одлука се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% и намалените акцизи за горивата – 4 денари по литар за дизелските и 2 денари по литар за бензинските фракции.

Според Комисијата, без продолжување на намаленото ДДВ и без интервенција во акцизата, цената на бензините би била повисока за 8,5 денари, а на дизелот за 12 денари во однос на сегашната одлука.

Со новата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,41% во однос на одлуката од 30 март.

 

Related posts

Даути: Ни треба долгорочна стратегија за заедно да ја развиеме државата

admin

Северна Македонија прогласи седумдневна кризна состојба поради отежната набавка на мазут

admin

Крај на хартијата? ЕУ воведува дигитален паричник за сите компании

admin

Македонската влада со нова мерка за практикантство за млади невработени лица

admin

Регулирање на пазар со ознака „гарантирана цена“

admin

БРИКС ниту блиску до доларот – шефот на банката на Бразил го уби митот за нова супервалута

admin