36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Аплауз за Заев, обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ – кој навистина ја контролира СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, и натаму има значително влијание врз раководството на партијата, повикувајќи се на неговото појавување на прославата по повод 35-годишнината од основањето на СДСМ.

Во партиското соопштение се наведува дека присуството на Заев и неговиот прием од страна на актуелни функционери, вклучително и претседателот Венко Филипче, укажуваат дека не постои дистанца од поранешното раководство.

ВМРО-ДПМНЕ изнесе и критики за периодот на владеење на Заев, тврдејќи дека неговото влијание се одразува врз тековните одлуки и политичките насоки на СДСМ, како и врз меѓународните контакти на партијата.

На свечениот настан во Скопје, СДСМ одбележа 35 години од своето основање, на кој присуствуваа сегашни и поранешни функционери, членови и поддржувачи. Заев се појави на самиот крај од програмата, по завршувањето на говорите, и беше пречекан со аплауз од дел од присутните.

Снимките од настанот покажуваат дека дел од гостите му приоѓале, се поздравувале и фотографирале со него, додека тој неформално им се обратил со зборовите „Шо праите, бе, другари“, извинувајќи се за доцнењето.

На настанот присуствувал и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој претходно на свечената седница изјави дека блокадата на европскиот пат претставува сериозна закана за иднината на државата и ја оцени како спротивна на националните интереси.

Филипче истакна дека европската интеграција останува клучен приоритет и дека СДСМ историски носел одлуки кои ја приближиле земјата кон евроатлантските структури.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, оцени дека партијата нема перспектива доколку, како што наведуваат, остане под влијание на поранешното раководство.

 

 

Related posts

Уште 5 години на власт, Ердоган го надмина и Ататурк

admin

Рама ја откажа меѓувладината средба со Косово, зборува за санкции против Курти

admin

Ленче Ристоска го нападна Мицкоски: Исклучувањето без причина е опасна порака за демократијата

admin

ДУИ: Падот на Индексот за слобода на медиумите е сериозен сигнал за влошување на демократското управување

admin

Опозицијата се здружува против ДУИ, аналитичарите со различни очекувања

admin

Русија го заострува контролирањето на интернетот, блокира апликации и VPN услуги

admin