31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

КРАЈ ЗА 11 СТУДЕНТИ? Скандалот на Филозофски добива драматичен пресврт

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека евентуалното поништување на уписите на спорните студенти на Филозофскиот факултет ќе повлече и поништување на нивните дипломи, додека институциите ја утврдуваат одговорноста за случајот.

„Ако се поништи уписот, тогаш ќе се поништат и дипломите“, рече Јаневска, додавајќи дека не е надлежна да утврдува одговорност и дека тоа е задача на други институции.

Таа посочи дека сè уште се чека официјален извештај, изразувајќи надеж дека станува збор за изолиран случај, а не за намерно прекршување.

Скандалот се однесува на вкупно 11 студенти – седум на магистерски и четири на докторски студии – кои биле запишани и покрај тоа што претходно завршиле тригодишни стручни студии, што не е во согласност со законските услови за продолжување на повисоки циклуси.

Деканот на Филозофскиот факултет Оливер Бакрески соопшти дека нивниот студентски статус ќе биде поништен, а студиите прекинати, откако Државниот просветен инспекторат утврдил неправилности при уписот.

„Ситуацијата е сложена и институциите треба да го дадат конечниот збор. Постапката треба да се спроведе согласно закон“, изјави Јаневска.

Случајот отвора прашања за примената на Законот за високо образование, според кој за упис на втор и трет циклус се бара завршен академски прв циклус со најмалку 240 кредити.

 

Related posts

Потпишан меморандум со ИНОВА, Јаневска: Универзитетите се клучни за иновации

admin

Евровизија 2026 почнува во сенка на бојкоти и политички поделби поради Израел

admin

Ретки метали, Иран и Тајван: Опасните теми на масата меѓу Трамп и Си

admin

ХРВАТСКА ВО ШЕНГЕН: ОСТВАРУВАЊЕ НА ИСТОРИСКАТА ЦЕЛ

ninja

Приведени три крадци од Куманово

admin

Касами: Правата на Албанците се во сигурни раце, Бугарија може да го загрози европскиот пат

admin