27.9 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Министерството за здравство ја засилува имунизацијата со активности низ целата држава

Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, ја одбележува Европската недела на имунизација со засилени активности низ здравствените домови и вакциналните пунктови во државата.

Во рамки на кампањата, во текот на неделата се одржуваат предавања за значењето на имунизацијата, а паралелно се спроведува и теренска вакцинација на деца кои ги пропуштиле редовните дози од календарот за имунизација.

Здравствените власти најавија дека акцијата ќе продолжи и во наредните две недели, при што ќе се интензивира имунизацијата на сите деца со пропуштени вакцини.

Кампањата има за цел да ја истакне важноста на вакцинацијата во текот на целиот животен век, од најрана возраст до повозрасните категории, како клучна мерка за заштита од сериозни заболувања и подобрување на општото здравје.

Европската недела на имунизација се спроведува во 53 земји од европскиот регион од 2007 година, со цел зголемување на свесноста за заштитата на децата од болести што може да се превенираат со вакцини.

Според здравствените податоци, вакцинацијата придонела за спасување милиони животи, а во последните 50 години помогнала во намалување на смртноста кај доенчињата за околу 40% на глобално ниво.

Во европскиот регион, високиот опфат со имунизација овозможил одржување на статусот без полио, како и напредок во елиминацијата на малите сипаници, рубеолата и хепатитис Б, додека болести како дифтерија и тетанус се значително намалени.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека државата останува посветена на европската агенда за имунизација до 2030 година.

„Нашата држава останува посветена на остварувањето на целите и таргетите утврдени во европската агенда за имунизација 2030, преку силна национална програма што обезбедува еднаков пристап до вакцинација и одржување на довербата во вакцините“, рече Алиу.

Тој упати повик до граѓаните и здравствените работници да продолжат со заеднички напори за унапредување на имунизацијата.

„Апелираме за навремена заштита на сите деца согласно календарот за имунизација, за заштита на нивното здравје и здравјето на заедницата“, додаде министерот.

Related posts

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ СО НОВИ НАПАДИ: ЕУ итно ги повика руските амбасадори

admin

КОВАЧЕВСКИ ВЕТИ НОВА ЕНЕРГИЈА ПО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

ninja

Цените на бензинот во САД нагло растат по нападите врз Иран, аналитичарите не очекуваат брзо намалување

admin

Пратеник на Трамп бара ФИФА да го исфрли Иран и да ја врати Италија на Мундијалот

admin

КОЈ ЈА КОЧИ ЕУ СЕГА? Орбан го нема, но проблемите остануваат

admin

Ибраими: ВЛЕН нема да соработува со алатки на криминалната олигархија

admin