20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ предлага забрана за двојно државјанство и за Владата, да важи веднаш

Пратеничката група на СДСМ поднесе предлог-измени на Законот за Влада по скратена постапка, со кои се предвидува забрана за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата, и тоа со итна примена.

Од СДСМ соопштија дека со овој чекор се воспоставува принцип на еднаквост за сите избрани и именувани функционери.

„Со ова, СДСМ поставува јасен принцип: исти правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и тоа веднаш“, наведуваат од партијата.

Партијата ја критикува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за пратеници, оценувајќи дека предложените решенија не се применуваат на актуелниот состав на парламентот.

„Според нивниот предлог, овие измени би важеле дури од наредниот парламентарен состав, а не за актуелните пратеници“, велат од СДСМ, додавајќи дека таквиот пристап, според нив, има за цел да ги заштити актуелните функционери со двојно државјанство.

СДСМ најави дека, покрај предлогот за измени на Законот за Влада, ќе поднесе и амандмани на законското решение предложено од ВМРО-ДПМНЕ, со цел забраната за двојно државјанство да стапи во сила веднаш.

„Двојно државјанство нема да има пратеник ниту избран и именуван функционер, и тоа да важи веднаш“, се додава во соопштението.

Related posts

По Сараево, директни летови и со неколку балкански дестинации

admin

Вучиќ: Под силен притисок поради посетата на Москва, но нема да ја сменам одлуката

admin

Османи се стретна со Кралот Чарлс Трети

admin

Што е најзначајно во воениот извештај на Пентагон за Кина?

admin

Проект „филмски студија и технолошки парк“: Заев дал поддршка уште во 2019та, Амбасадата на САД ја следи можната инвестиција

admin

ЕУ разгледува забрзан пат за Украина за членство до 2027 година

admin