29.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, е уапсен под сомнение за проневера и злоупотреба на службена положба, соопштија надлежните институции.

Акцијата ја спровеле полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. Од МВР информираа дека лицето со иницијали М.С. е лишено од слобода поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба.

Според првичните информации, случајот се однесува на наводна злоупотреба на околу 700.000 евра, средства доделени од УЕФА за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Од Обвинителството потврдија дека постапката е во тек и дека се преземаат дополнителни дејствија по наредба на јавен обвинител.

„Се уште се преземаат дејствија, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по нивното завршување“, соопштија од Обвинителството.

Сејдини ја извршуваше функцијата претседател на ФФМ во два мандати, од 2019 до 2025 година.

Според претходни наоди на Федерацијата, договорот за изградба на трибина бил изменет со вметнување на услов за авансно плаќање од 20 отсто, што не било дел од првично одобрената понуда. Авансот бил исплатен без банкарска гаранција и без соодветно овластување.

Сејдини претходно беше суспендиран на две години поради, како што беше наведено, „измама и доведување во заблуда на Управниот одбор“.

Related posts

„Антропик не се грижи за Европа“: Пратениците бесни по необичното сведочење за опасната ВИ

admin

ЧАДИКОВСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗНМ

ninja

Не е Иран: најтешката нова криза за Трамп може да биде меѓу Турција и Израел

admin

Претседателот на МПО повика на единство меѓу различните македонски идентитети

admin

„Електронски нараквици“ – Зајкова со критики до Собранието

admin

Филмот „One Battle After Another“ доминираше на Оскарите 2026 со шест награди

admin