14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Империјата на Орбан се распаѓа: Провладините медиуми паѓаат еден по еден

Медиумскиот систем создаден за време на 16-годишното влаеење на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан се соочува со сериозен распад по убедливиот изборен пораз на неговата партија, објави Ројтерс.

Само неколку недели по изборите, во дел од највлијателните провладини медиуми веќе се сменети раководители, укинати се емисии, а јавниот сервис почна да отвора простор и за опозициски гласови.

Новата влада предводена од Петер Маѓар, која оваа недела официјално ја презеде власта, најави нов закон за медиуми, нов медиумски регулатор и враќање на слободата на информирање.

Маѓар претходно го нарече јавниот сервис „фабрика за лаги“ и вети демонтирање на системот кој, според критичарите, со години служел како политичка алатка на Орбан.

Унгарската телевизија ТВ2, еден од најгледаните провладини медиуми, го отпушти директорот на информативната програма по изборите и ја укина централната информативна емисија. Сопственикот на телевизијата, бизнисменот Миклош Вашили, изјавил дека брендот на емисијата бил „еродиран“.

Во меѓувреме, уредникот на порталот „Индекс“ бил разрешен откако медиумот признал дека објавил документ кој лажно бил претставен како економска програма на партијата Тиса на Маѓар.

Промени се забележуваат и на јавниот сервис М1, кој за време на Орбан беше обвинуван за еднострано известување во корист на власта. Анализа на институтот „Републикон“ покажала дека по изборите известувањето станало побалансирано, а во програмите почнале да се појавуваат и опозициски претставници.

„Сакаме навистина избалансиран и објективен јавен сервис“, изјави Маѓар по првата седница на владата.

Европската унија внимателно ги следи промените во Унгарија, особено затоа што медиумските слободи беа една од главните точки на судир меѓу Брисел и владата на Орбан.

За време на неговото владеење, Унгарија падна од 23-то на 74-то место на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“.

Еден од столбовите на медиумското влијание на Орбан беше конгломератот КЕСМА, создаден во 2018 година и составен од речиси 500 медиуми, меѓу кои и сите регионални весници во земјата.

Новата влада најави дека ќе го прекине државното рекламирање кон провладините медиуми, што според аналитичарите може да доведе до затворање на дел од локалните медиуми кои зависеле од државни средства.

Медиумскиот експерт Габор Пољак оцени дека реформите нема да зависат само од законите, туку и од политичката волја.

„Ако политичката елита прифати дека задачата на новинарството е да ја критикува власта и да држи дистанца од политиката, тогаш јавниот сервис може да функционира нормално“, изјави Пољак.

 

Related posts

Курти во Скопје со Меџити и Касами: ВЛЕН најавува „плодна соработка“

admin

Илинденски пораки: Наместо поделби, обединување за општо добро

admin

Деветмесечни студентски протести ја тресат Србија, Вучиќ соочен со најголема криза од владеењето

admin

Рекорден раст на индустриските цени во ЕУ: Кои земји се најтешко погодени?

admin

ДУИ ја обвини владата дека го поткопува Охридскиот договор и уставниот поредок

admin

Предметот што почна по смртта на 14 лица е затворен: Обвинителството не најде основа за гонење

admin