35.5 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цените во просек растат минимално, но домати, краставици и јајца поскапеле над 10%

Владата подготвува насочени мерки за производи со двоцифрен раст на цените, иако вкупното зголемување на цените на основните прехранбени производи изнесува само 0,4 отсто, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Повикајќи се на анализа на Пазарниот инспекторат спроведена во четири големи синџири маркети – „Зур“, „Кипер“, „КАМ“ и „Веро“, Мицкоски рече дека кај дел од производите е регистрирано значително поскапување.

„Имаме индикатори дека одредени производи ги зголемиле цените за неколку проценти, односно над 10 отсто“, рече тој.

Според анализата на 55 основни производи во периодот од 1 февруари до 1 април, просечниот раст на цените изнесува 0,4 проценти, при што кај дел од артиклите е забележано и намалување.

Најголем раст на цените е регистриран кај доматите, краставиците и јајцата, кои поскапеле за повеќе од 10 проценти.

Истовремено, според владините податоци, профитните маржи кај трговците бележат благо намалување – од над 15 проценти во февруари на околу 14,7 проценти.

Мицкоски најави дека Владата ќе предложи мерки за стабилизирање на цените кај производите со најголемо поскапување.

„Размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за тие производи и наскоро ќе излеземе со конкретен став“, рече тој.

Во однос на можен ценовен притисок поради повисоките трошоци за гориво и транспорт, премиерот оцени дека не се очекува значителен инфлаторен удар.

„Учество на транспортните трошоци во крајната цена е релативно мало и не би требало да доведе до значително зголемување на цените, станува збор за ефект од еден до два проценти“, рече тој.

Во врска со најавите за поскапување на лебот, Мицкоски изјави дека, според неговите информации, цената е задржана или намалена по разговорите со производителите.

Related posts

Како Милчо Манчевски за филмот „Сенки“ ја изиграл владата на Груевски и лапнал 1 милион евра

admin

Поделбите околу Иран ја тестираат кохезијата на НАТО

admin

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

admin

Борел: Гласачите, од страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

admin

Европа бара дијалог со Русија, Канада во стратешко парнерство со Кина

admin

Министерството за здравство ја отвори Четвртата балканска школа за педијатри

admin