36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Министерот Алиу: Предлог-законот за заштита од пушењето е европски и не ги затвора бизнисите

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска изјави дека предлог-законот за заштита од пушењето, кој се очекува да стапи на сила на 1 март, не е рестриктивен, туку го воспоставува европскиот стандард за заштита на јавното здравје.

Алиу истакна дека целта на законот е да се намали бројот на пушачи и трошоците за лекување на болестите предизвикани од цигарите, а не да се казнуваат граѓаните. Пушењето ќе биде забрането во затворени јавни простории, пред болници, училишта и градинки, како и во автомобили во присуство на дете.

Министерот посочи дека бизнисите нема да бидат затворени, бидејќи пушењето ќе биде дозволено во одредени простории, како што се тераси отворени од три страни. Законот исто така предвидува забрана за електронски цигари со вкусови и други уреди кои содржат никотин.

Предлог-законот е објавен за јавна расправа на ЕНЕР, каде сите заинтересирани може да дадат коментари пред неговото конечено усвојување.

Related posts

Брегу: Не ни се потребни дополнителни институции и иницијативи, за регионална соработка е потребна политичка волја

admin

Оставката на Ибрахими ја отвора битката за нова насока во ВЛЕН

admin

Левица купила имот во центарот на Скопје по 700 евра за квадрат, Мицкоски бара истрага

admin

Куќа, преговори, милионски договори: Таравари под лупа – дали ДУИ го влече назад во своите редови?

admin

ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО КУРТИ ВО БРИСЕЛ – ИМАВМЕ ТЕЖОК СОСТАНОК

ninja

Успешно изведен експеримент во САД – се произведува поголема енергија отколку што се внесува

admin