9.8 C
Скопје
2 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Сами против сите – тие со демографија, национална карта и тројанци“

Премиерот Христијан Мицкоски го призна изборниот пораз на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, во Брвеница, но оцени дека неговата партија остварила значителен раст на гласовите и покрај, како што тврди, политичкото и етничкото обединување на противниците.

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“, напиша Мицкоски на Фејсбук по завршувањето на вториот круг од изборите.

Според објавените неофицијални резултати, Аркин Јахији, кандидат на коалицијата предводена од ДУИ, освоил 4.379 гласови, додека Радичевски добил 4.178, што претставува разлика од 201 глас.

Мицкоски посочи дека поддршката за неговиот кандидат се зголемила од приближно 3.000 гласа во првиот круг на околу 4.200 во вториот.

„Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3.000 на 4.200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1.300, но за жал недоволно за целосна победа“, напиша премиерот.

Според првичните резултати, Радичевски во првиот круг имаше предност од околу 790 гласа пред Јахији. Во вториот круг, меѓутоа, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ оствари поголем раст на поддршката и го сврте резултатот во своја корист.

Обвинувања за етничка мобилизација

Објавата на Мицкоски доаѓа по кампања во која етничките односи и политичките сојузништва беа меѓу главните теми.

На завршниот митинг во Брвеница, Мицкоски ја обвини ДУИ дека ги користи етничките прашања за политичка мобилизација, додека ВМРО-ДПМНЕ, според него, се фокусирала на инфраструктурата, локалниот развој и заедничкиот живот.

Со последната објава тој повторно ја истакнува етничката димензија на изборниот резултат, но не наведува конкретни докази за тврдењето дека одредени кандидати имале улога на „тројанци“ за одвлекување гласови.

Изборните резултати сами по себе не овозможуваат да се утврди како гласале граѓаните според нивната етничка припадност, ниту колкав дел од гласовите на кандидатите што отпаднаа во првиот круг преминале кај двајцата финалисти.

Според проценките, гласовите на ВЛЕН и СДСМ во вториот круг биле поделени кај двете кандидати, додека пресвртот го направиле околу 1000 гласачи на Јахији дојдени од дијаспората.

Ветува поддршка и покрај поразот

Мицкоски истакна дека изборниот резултат нема да влијае врз односот на Владата кон општината.

„Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата“, напиша премиерот.

Тој додаде дека пораката „Една Брвеница за сите“, која беше централна во кампањата на Радичевски, останува основа на политичкиот пристап на неговата партија.

„Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, порача Мицкоски.

Брвеница беше една од општините со најнеизвесна изборна трка, а исходот од вториот круг донесе победа за кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ.

Конечните резултати треба да бидат потврдени од Државната изборна комисија.

Related posts

Бајден го потпиша Законот за фискална одговорност како крај на кризата со ограничување на долгот

admin

Ќе станат ли кафулињата „зони без чад“? Новиот закон ги менува правилата

admin

Корупциски скандали и правосудни акции ја одбележаа јули

admin

Здравствени работници: Не се живее од тапкање по рамо

admin

ГИР ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ КОН ПЕНДАРОВСКИ

ninja

Таравари: Ќе се борам до последниот атом за опстанокот на коалицијата ВЛЕН

admin