21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мерко го отвори фронтот: Мене ме оставија, другите ги бранат!

Поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за селективна поддршка кон партиски функционери, тврдејќи дека бил оставен без политичка заштита за време на судските постапки против него.

Во јавна реакција, Мерко директно го постави прашањето за, како што наведе, двојните стандарди во партијата.

„Зошто јас не бев заштитен од власта, а денес двајца градоначалници се бранат од опозицијата? Зошто овој двоен стандард?“, изјави Мерко.

Тој наведе дека и покрај долгогодишниот ангажман и придонес во изборните резултати, поддршката изостанала кога се соочил со правни процеси.

„Во моментот кога се соочив со судски процеси, поддршката изостана. Напротив, имаше отворено дистанцирање, дури и негирање на мојата поврзаност со структурите“, рече Мерко.

Тој тврди дека станува збор за селективен пристап, при што, според него, во други случаи партијата покажала поинаков однос кон функционери како Блерим Беџети и Фатмир Дехари, како и кон поранешниот вицепремиер Артан Груби.

„Во еден случај се релативизираат сериозни обвинувања за корупција, а во друг се молчи за процеси поврзани со административни одлуки и идентитетски прашања“, изјави тој.

Мерко додаде дека обвинувањата против него не се однесувале на финансиски криминал, туку на административни одлуки.

„Обвинувањата против мене не беа за докажана корупција, туку за административни прашања и одлуки поврзани со употребата на албанскиот јазик и идентитетски симболи“, рече Мерко.

Тој изрази поддршка за други поранешни функционери кои, според него, се соочуваат со политички мотивирани процеси.

„Правдата не може да биде селективна, таа мора да биде иста за сите“, нагласи Мерко.

Слични критики претходно изнесе и поранешниот претседател на огранокот на ДУИ во Дебар, Артин Спахију, кој оцени дека проблемот е во „селективниот пристап“ на партијата.

Во меѓувреме, против повеќе поранешни функционери се водат или биле покренати постапки, меѓу кои Крешник Бектеши, Фестим Халили и други.

 

 

Related posts

„Кога постираат насмеани фотографии – тогаш се најмногу скарани“: Што се случува со ВЛЕН?

admin

Европската комисија предлага Украина да се приклучи на ЕУ роаминг-зоната од 2026 година

admin

Бајден: САД стојат зад Израел

admin

Академик Абдилменаф Беџети: Три децении транзиција, но Македонија сѐ уште под 40% од европскиот просек во доход

admin

Недостиг на работници: Околу 10 илјади слободни работни места

admin

Автомобил-бомба го ликвидираше клучниот човек на руската армија, Москва во шок!

admin