19.7 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
РЕГИОН

Маж загина при истрел од топ на традиционална манифестација во Хрватска

Маж загина во неделата попладне при несреќа со топ за време на традиционална манифестација во Двор Велики Табор, во општина Десиниќ, во хрватското Загорје, соопшти полицијата.

Полициската управа Крапина-Загорје соопшти дека пријавата за настанот била примена околу 15:15 часот преку Центарот 112 и дека е во тек увид и кривична истрага за околностите под кои дошло до фаталниот истрел.

Хрватски медиуми, повикувајќи се на сведоци, објавија дека топот неколку пати не испукал, по што ненадејно се активирал во момент кога жртвата му се приближила за повторно полнење.

Според ХРТ, станува збор за 55-годишен маж, член на локално здружение, но полицијата засега не објави официјален идентитет на жртвата.

Несреќата се случила пред бројни посетители на настанот, а лекарските екипи кои пристигнале на местото можеле само да констатираат смрт.

 

Related posts

Бугарија пред нов изборен тест: Може ли гласањето да го смени курсот на земјата?

admin

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

Бранко Чечен: Нема враќање назад – само избори можат да ја спасат Србија од крвопролевање

admin

Марта Кос од Приштина: Без Косово нема безбедна Европа

admin

ВИДЕО | Руските комичари тврдат дека го измамиле косовскиот премиер Курти

admin

Кој на Балканот им се радува на Трамп и на Гренел?

admin