33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Западот нè напушта? Пендаровски предупредува на опасен надворешнополитички курс!

Поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски во интервју за Deutsche Welle изјави дека тековната влада на премиерот Христијан Мицкоски покажува сериозен недостаток на капацитет, води аматерска надворешна политика и се оддалечува од стратешкиот курс кон Европската Унија, додека се приближува кон држави со недемократски профили.

Договорот со Обединетото Кралство – меморандум, а не стратешко партнерство

Пендаровски ја критикуваше владината реторика околу наводниот договор за стратешко партнерство со Велика Британија, оценувајќи го документот како „меморандум за соработка“, а не вистински договор.

„Она што беше усвоено не претставува ништо стратешко. Станува збор за основа за кредитирање на идни инфраструктурни проекти, без јасно дефинирани обврски,“ рече тој.

Според Пендаровски, интересот на Лондон не е алтруистички, туку е насочен кон можноста за создавање миграциски центри на Балканот. Тој предупреди дека Британија ќе започне разговори со балкански земји, меѓу кои и Северна Македонија, за сместување на мигранти кои немаат право на престој во ОК.

САД и „засиленото партнерство“ – само царини од Трамп

Во однос на САД, Пендаровски оцени дека заложбите на владата за блискост со администрацијата на Доналд Трамп се погрешна проценка.

„Од Трамп досега добивме само царини. Нема исклучоци, нема повластен третман. Политиката на ‘Америка прво’ значи интереси и пари, а ние немаме што да понудиме на тој план,“ изјави тој.

Недостиг од волја за реформи и евроинтеграции

Според Пендаровски, актуелната влада нема реална намера да ги продолжи интеграциите во ЕУ.

„Сите знаат дека оваа влада не сака да го смени Уставот, да ги внесе Бугарите и да ги исполни критериумите за напредок. Наместо тоа, се врти кон земји како Унгарија, кои се проблематични во рамките на Унијата,“ рече тој.

Тој додаде дека изјавите за стратегиско партнерство со Унгарија, земја која се соочува со можни санкции во ЕУ, зборуваат за насоката во која се движи земјата.

Оцена за работата на Владата – хаотичен менаџмент и политички упади

Пендаровски изрази разочараност од првата година на владата на Мицкоски, нарекувајќи ја „катастрофално менаџирана“, со премиер кој централизира моќ и маргинализира министри.

„Имаме министер за транспорт кој потпишува договори за задолжување наместо министерот за финансии. Имаме поставување луѓе со фалсификувани дипломи во безбедносни институции. И имаме премиер кој врши притисок врз обвинителството и судскиот совет,“ рече тој.

Насока без визија

Пендаровски заклучи дека владата нема јасна визија ниту во внатрешната ниту во надворешната политика.

„Немаат дефинирана цел, немаат надворешно-политичка стратегија, и со секој потег се оддалечуваат од демократијата и европските вредности. Ако продолжиме вака, ќе го повториме сценариото по Букурешт 2008 година,“ предупреди Пендаровски.

 

 

 

Related posts

Аферата „Тајни имоти“ засега без имиња на високи позиции

ninja

Нова предизборна играчка: безбедносна и корупциска проверка

admin

Брисел домаќин на самитот ЕУ-Западен Балкан: Потврда на заложбите за проширување

admin

ВРИЕ ВО ОГНЕНАТА ГРУПА – „ТРН В ОКО“ ИМ Е АРТАН ГРУБИ

ninja

Како ќе влијае косовскиот епилог во односите со Македонија?

admin

МИЦКОСКИ: ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ СЕ НЕСПОРНИ ЗА ВМРО-ДПМНЕ

ninja