20.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВЛЕН ја обвини ДУИ за „систем на извлекување пари“

Коалицијата ВЛЕН ја обвини ДУИ дека брани приватни интереси и сомнителни договори поврзани со проектот за интерконекција со Албанија, тврдејќи дека јавни средства завршувале кај лица и компании блиски до партиското раководство.

Од ВЛЕН наведуваат дека проектот бил блокиран повеќе од пет години, а компанијата што ДУИ денес ја брани реализирала само околу 4 проценти од работите, додека паралелно барала дополнителни средства и анекси до 50 проценти од вредноста на договорот.

„Ова не е реализација, ова е систем на извлекување пари“, велат од ВЛЕН.

Коалицијата тврди дека како подизведувачи во времето на ДУИ се појавувале лица блиски до Али Ахмети и Бујар Османи, меѓу кои, како што наведуваат, и Нефи Усеини од Охрид.

Од ВЛЕН велат дека не се согласуваат со нови анекси во вредност од над 8 милиони евра, бидејќи, според нив, постои ризик парите повторно да завршат кај лица блиски до врвот на ДУИ.

Во реакцијата се наведува дека раскинувањето на договорот не било произволно, туку било направено по детална форензичка анализа и во согласност со правилата на Европската банка за обнова и развој. Од ВЛЕН додаваат дека секој чекор бил преземен со одобрение и надзор на ЕБОР.

Коалицијата ја обвинува ДУИ дека ја претставува постапката пред ДАБ како конечна одлука, иако, според ВЛЕН, станува збор за предарбитражен механизам, а државата има право да ги искористи сите правни средства.

ВЛЕН наведува дека новиот тендер му е доделен на конзорциум предводен од „Далековод“, дел од групацијата „Кончар“, компанија со искуство во повеќе европски земји.

„Проектот што ДУИ го држеше мртов со години, денес се движи и ќе се реализира“, велат од ВЛЕН.

Коалицијата оцени дека реакциите на ДУИ не се грижа за граѓаните, туку „паника од промена на реалноста“, додавајќи дека ДУИ не изградила сериозна инфраструктурна или енергетска врска со Албанија или Косово.

„Тие не градеа – тие извлекуваа пари за себе. ВЛЕН гради и ќе продолжи да гради“, се наведува во соопштението.

Related posts

Победата на АфД – силна шлаканица за владата на Шолц

admin

Подобрата распределба на парите го изедначува статусот на мажите и жените: Какви се капацитетите на македонските институции?

admin

Артан Груби: Се откажуваме и од премиер Албанец заради интеграциите во ЕУ

admin

Германија најавува забрзано вооружување по сигналите од САД

admin

Ветинг – предлогот во фиока, се вади пред избори

admin

Трамп: НАТО се соочува со „многу лоша иднина“ ако сојузниците не помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец

admin