23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВРЕДИ со тешки обвинувања: Зошто Бујар Османи молчеше за Бањска?

Коалицијата ВРЕДИ упати серија обвинувања кон Демократската унија за интеграција и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, отворајќи прашања за неговите наводни врски со српски политички кругови и за ставовите кон Косово.

Од ВРЕДИ велат дека ДУИ и Бујар Османи сè уште не дале одговор за односите со Владимир Стајиќ, почесен конзул на Србија, кој, според нив, присуствувал на официјални приеми за време на мандатот на Османи како шеф на дипломатијата.

„Се поставува прашањето дали токму таа блискост беше причината Бујар Османи да молчи за терористичкиот напад во Бањска“, наведуваат од ВРЕДИ.

Коалицијата обвинува дека во периодот кога Османи ја водел дипломатијата, Северна Македонија поддржувала политики што, според нив, биле во корист на Белград, посочувајќи го проектот „Отворен Балкан“.

„Средбите во Свети Наум беа претставувани како регионална стабилност, додека Србија продолжуваше со деструктивни политики кон Косово“, се наведува во реакцијата.

Од ВРЕДИ го споменаа и, како што го нарекоа, „контроверзниот план од девет точки за Косово“, прашувајќи зошто Османи го поддржал и во чиј интерес бил изготвен.

„Албанците добро знаат кој молчеше кога на Косово му беа потребни гласни сојузници“, соопшти коалицијата.

ВРЕДИ порача дека ќе продолжи, како што велат, „да биде глас на Албанците кои не прават компромиси со националните интереси“.

Од ДУИ и Бујар Османи засега нема реакција на обвинувањата на ВРЕДИ.

Related posts

УЈП испрати 10.000 покани за пријавување доход од странство, дел од граѓаните најавија протести

admin

Зошто младите заболуваат од рак почесто: Научниците посочуваат на забрзано биолошко стареење

admin

Орбан: Унгарија ќе најде начин да ги заобиколи американските санкции против руската нафта

admin

Нова технологија во „Мајчин дом“: Алиу пушти во употреба дексаскен за рано откривање на остеопороза

admin

Муцунски: Пауза само за иселеничките визи за САД, другите категории не се засегнати

admin

ВМРО-ДПМНЕ објави видео од Трендафилов со неговите деца, предизвикувајќи реакции околу службеното возило

admin