16.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Бејта се врати кај Ахмети, заедно во Горно-рекански средби

Иако беше еден од клучните играчи на групата на незадоволни партиски функционери, позната како “Огнена група”, бившиот потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта денеска го придружуваше лидерот на партијата во реканскиот крај. Во ова место се одржи централната манифестација „Средби на Горна Река“ во организација на Културното друштво „Горна Река“.

И пред денешното придружување Бејта ненадејно се оттргна од формирањето на нов политички субјект, предводен од Изет Меџити, а изјави дека тој за лидер го познава само Ахмети.

Освен Ахмети и  Бејта, меѓу гостите беше и лидерот на АзА, Арбен Таравари.

„На ова наследство му припаѓа и Скендербег.  Река е значајно место за нас кое мора да се чува со фанатизам и сакам да ја охрабрам и посакувам Здружението на Река да ја зачува и унапредува културата, фолклорот и говорниот јазик на Река. Овој говор е многу важно наследство на Албанците не само во Македонија бидејќи Река допира три граници Албанија, Косово и Македонија“, изјави Ахмети.

Инаку, против враќањето на Бејта во ДУИ јавно се изјасни Талат Џафери, кој исто така е од Гостивар. Тој не беше присутен на манифестацијата.

“Секој ден кога почнувате со работа, погледнете се себеси во огледало и не заборавајте од каде доаѓате. Како не му е срам да се врати во партијата по сите критики на јавните излегувања”, изјави Џафери во интервју за Телевизија 21.

Освен Бејта во ДУИ одлучија да останат и Муса Џафери и Блерим Беџети.

Related posts

КУРТИ ЗА РСЕ: ПРЕДУПРЕДЕНИ СМЕ ЗА МОЖНОСТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ПОДДРШКА

ninja

ТАРАВАРИ: БИ ПОДДРЖАЛЕ И МАЛЦИНСКА ВЛАДА, НО ПОДГОТВЕНИ СМЕ И ДА РАКОВОДИМЕ СО ОДРЕДЕНИ ИНСТИТУЦИИ

ninja

ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата нема двотретинско мнозинство: ДУИ и СДС “барајќи рогови ќе ја изгубат и главата”

admin

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

admin

ПРЕСУДА ЗА ОКТА: РСМ ТРЕБА ДА ПЛАТИ МИЛИОНСКА ОТШТЕТА

ninja

Половина од Македонците сметаат дека војната во Украина е судир меѓу Русија и НАТО

admin