4.8 C
Скопје
24 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАУКА

УЈИЕ го води процесот на дигитализација во девет европски универзитети

Универзитетот на Југоисточна Европа ја зајакнува својата улога во европската универзитетска алијанса ChallengeEU, откако на последниот состанок на Стратешкиот одбор беше оценет меѓу членките со најдобри резултати во првите 18 месеци од проектот.

Состанокот се одржа на Универзитетот за природни науки и технологии на Латвија (LBTU), каде што беше потпишан и договор за прием на Универзитетот во Запорожје, Украина, како асоцијативен член на Алијансата.

Со проширувањето на ChallengeEU се отвораат нови можности за мултилатерална и билатерална соработка меѓу универзитетите членки, вклучително и во областа на наставата, истражувањето и дигиталната трансформација.

На состанокот беше разгледан и Извештајот за напредокот во првите 18 месеци од проектот. Според оценката презентирана пред Стратешкиот одбор, УЈИЕ е меѓу две до три членки со најсилни резултати и највисоко ниво на исполнување на досега поставените цели.

Во рамките на проектот, УЈИЕ го предводи Работниот пакет 2 (WP2), кој е фокусиран на унапредување на дигитализацијата во деветте европски универзитети членки на Алијансата.

Улогата на УЈИЕ во овој работен пакет му дава значајно место во развојот на заедничките дигитални решенија и во поврзувањето на универзитетите вклучени во ChallengeEU.

 

Related posts

Студентите на УКИМ бараат итна истрага поради снимање на студентки во бањите на домот „Гоце Делчев“

admin

Наместо сметки за министрите, спор за полномошно: шест месеци по патот на едно новинарско барање

admin

Софија ја брани ќерката, Скопје го бара таткото: Нов дипломатски спор меѓу Македонија и Бугарија

admin

Криминалци или студенти? Рама тврди дека во протестите има осудувани лица и финансирање од Иран

admin

Последна вест: Рамиз Мерко на “црната листа” на САД

admin

Крвавата граница повторно гори: Десетици цивили загинаа во пакистански напади врз Авганистан

admin