11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Студентите на УКИМ бараат итна истрага поради снимање на студентки во бањите на домот „Гоце Делчев“

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС-УКИМ) остро реагираше на информациите дека студентки биле снимани и фотографирани додека се туширале во бањите на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Во соопштението, студентите оценија дека станува збор за „акт на сексуално насилство и повреда на основните човекови права“, а не за „несреќен случај“ или „непромисленост“.

„Оваа ситуација уште еднаш покажа колку е небезбеден просторот што треба да биде дом за младите луѓе – идната интелектуална и академска сила на државата. Станува збор за систем што не ја препознава безбедноста на жените како приоритет и за култура што премолчува пред понижувањето и траумата што тие ја доживуваат“, се наведува во реакцијата.

УСС-УКИМ бара итна и темелна истрага, одговорност од сите инволвирани институции и воспоставување на безбедносни протоколи и механизми за пријава на вакви случаи. Студентите, исто така, побараа психолошка поддршка за жртвите и задолжителни обуки за родова чувствителност за управите на домовите.

„Нашите студентски домови мора да бидат места на сигурност, не на страв. Секој што мисли дека има право да ја наруши приватноста и да го сексуализира телото на некоја личност треба да знае – ќе одговара“, се додава во соопштението.

Студентите порачаа дека безбедноста на студентките не смее да се третира како административна формалност, додавајќи дека „срамот треба да смени страна“.

Related posts

Британија ги пушти кинеските електрични автомобили, сега не знае како да го запре нивниот раст

admin

Софија ја брани ќерката, Скопје го бара таткото: Нов дипломатски спор меѓу Македонија и Бугарија

admin

“Огнените” на ДУИ велат дека добиле закани, Ганиу: Животот ни е во опасност

admin

ВИДЕО / Мицковски го доби мандатот: Денеска ќе биде составена новата влада

admin

ОСУМДЕСЕТ ГОДИНИ БОЛКА

ninja

Германија сака да ги враќа бегалците во Сирија

admin