11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Грција, Северна Македонија и Србија договорија проширување на „Вертикалниот коридор“

Министрите и претставниците задолжени за енергетика од Грција, Северна Македонија, Србија и Бугарија се согласија за проширување на „Вертикалниот коридор“ кон Западен Балкан, на министерскиот состанок за енергетика и интерконективност што се одржа во Атина.

Според грчкото Министерство за животна средина и енергетика, на состанокот се разговарало за предизвиците поврзани со европската и регионалната енергетска безбедност, зајакнувањето на енергетските интерконекции и потребата од забрзување на стратешките инфраструктурни проекти.

Грчкиот министер за енергетика Ставрос Папаставру изјави дека четирите земји постигнале договор за институционализирање на соработката.

„Денеска се договоривме за проширување на Вертикалниот коридор со Северна Македонија и Србија, како и за институционализирање на соработката меѓу четирите земји“, рече Папаставру.

Тој најави дека следниот министерски состанок ќе се одржи во септември во Белград.

„Со заедничка визија и јасен план, енергијата станува сила за приближување и просперитет во регионот“, додаде грчкиот министер.

„Вертикалниот коридор“ се смета за еден од клучните регионални енергетски проекти, чија цел е диверзификација на снабдувањето со природен гас и намалување на зависноста од традиционалните извори.

Related posts

Бислимоски под истрага: Како Тритерол Петрол заработи милиони откако не му била одземена лиценцата

admin

САД посредуваат, но оружјето зборува погласно: Израел и Хезболах пред нов судир

admin

Раскол во ИВЗ, се продлабочува поделбата меѓу реисот Шаќири и муфтијата Несими

admin

Вероник Улман за „Економија и Бизнис“: Нашето партнерство се заснова на заеднички вредности, на заемна почит и на искрен дијалог

admin

Две третини од државниот врв во посета на САД

admin

Филипче: СДСМ бил „факелот“ во најтемните периоди, обвинувајќи ја власта за грабеж и изолација

admin