36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Економски аспекти на системот на интелектуална сопственост

Пишува: Ристе Костовски 

Еден од основните фактори на економскиот раст и развој е иновативноста. За иновативна економија и економија базирана на знаење, важен е системот на поддршка на иновации, кој ќе обезбеди институционална рамка на заштита и сигурност. Во овој контекст е важен системот на интелектуална и индустриска сопственост и патентирање за стимулирање на инвентивноста и иновативноста, кој ќе доведе до економски раст и развој.

Во продолжение ќе биде даден преглед на наоди од неколку емпириски истражувања за врската меѓу системот на заштита на интелектуалната сопственост, иновациите и економскиот развој.

Gould and Gruben (1997) во нивниот труд наведуваат сигнификантно влијание на системот на заштита на интелектуалната сопственост врз економскиот раст. Важноста на тоа произлегува од довербата во институциите и гарантирањето и заштитата на сопственоста, со што се стимулира креативноста.

Pouris (2010) во нивниот труд укажува на важноста на интелектуалната сопственост во иновацискиот систем. Во оваа насока, иновацискиот систем на една економија не може да се замисли без добра рамка на индустриска и интелектуална сопственост, од која треба да се тргне во истражувањето со цел да се добие одредена иновација.

Nguyen et al. (2022) во нивниот труд укажуваат на позитивен ефект на ИКТ патентите врз економскиот раст. Клучно за развојот на ИКТ секторот, а преку него и за развивањето на информатичко општество, односно општество базирано на знаење, е ефикасен механизам и рамка за заштита на сопственоста и патентирањето.

Parmar (2024) во неговиот труд наведува дека во економија базирана на знаење системот на индустриска сопственост и патентирање има важна улога во економскиот раст и иновативноста. На овој начин може да се креира економски модел кој ќе генерира конкурентност.

Во Република Северна Македонија треба да се зајакнат капацитетите, како и да се стави акцент на промовирањето на важноста на Заводот за индустриска и интелектуална сопственост. Од тука треба да произлезе и да се канализира иновациската политика на државата. Ова може да се направи со конзистентна политика на иновации и патентирање, во која ќе се дефинираат индикаторите за добра рамка за заштита на интелектуалната и индустриската сопственост и патентирање, која треба да продуцира економија базирана на знаење и иновации.

Related posts

Белград најавува нова војна на Балканот

admin

Крстопат

admin

Лидери или поданици – Александар Македонски и првата светска глобализација

admin

Милеј, поуките од неговата победа

admin

Невидливата архитектура на модерното здравство

admin

#NotATarget

admin