29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мицкоски и СДСМ со пораки за Власите: Единство, почит и заедничка иднина

Премиерот Христијан Мицкоски по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка во свое лично име и во име на Владата, посакувајќи мир, здравје и благосостојба за припадниците на влашката заедница.

„Влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава. Влашката култура, традиција и обичај се силен белег во развојот на државата“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека единството, толеранцијата и меѓусебното разбирање се вредности кои треба заеднички да се негуваат за изградба на општество засновано на доверба и почит.

„Заеднички да работиме за просперитет и раст на Македонија, за сегашните и идните генерации да имаат услови да ја градат сопствената иднина тука, во својата татковина“, се наведува во честитката.

Со честитка се огласи и СДСМ, од каде порачаа дека Националниот ден на Власите е можност да се оддаде признание за придонесот на влашката заедница кон државата.

„Со гордост се сеќаваме на значајната улога на сите Власи кои храбро и пожртвувано учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во борбата за слобода, државност и независност“, наведоа од СДСМ.

Од партијата истакнаа дека влашката заедница и денес несебично придонесува во градењето на современото општество, заедништвото и меѓусебното почитување.

Related posts

Туристи во Грција исчезнуваат, па се наоѓаат мртви. Што се случува?

admin

СДСМ предупредува: До 6.000 просветни работници се соочуваат со неизвесна иднина

admin

Функционер на ДУИ под истрага за намерно подметнување пожари во Скопје

admin

Пресврт во случајот на Ќафасан: Проблемот бил со четвртиот сопатник

admin

„Отворен Балкан“ ќе поттикне економски раст, рече Ескобар по средбата со македонска владина делегација во Вашингтон

ninja

Хаос во Лос Анџелес: Трамп ја прати Националната гарда – Њусом му објави војна!

admin