19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАУКА

Револуција во борбата против ракот? Нов лек целосно елиминирал тумори кај дел од пациентите

Експериментален лек против рак покажал исклучително охрабрувачки резултати во меѓународно клиничко испитување, при што кај дел од пациентите туморите целосно исчезнале, соопштија истражувачите пред годишниот конгрес на Американското здружение за клиничка онкологија (ASCO).

Во студијата биле вклучени 102 пациенти со напреднат рак на главата и вратот, кај кои болеста продолжила да напредува и покрај претходен третман со хемотерапија и имунотерапија.

Лекот амивантамаб довел до намалување или исчезнување на туморите кај 43 пациенти, од кои кај 15 не биле детектирани знаци на тумор по третманот.

„Ова се невообичаено силни резултати кај пациенти чиј рак станал отпорен на достапните терапии“, изјави Кевин Харингтон, професор по биолошки терапии за рак во Институтот за истражување на ракот во Лондон.

Амивантамаб дејствува преку блокирање на два механизми кои го поттикнуваат растот на туморите и истовремено го активира имунолошкиот систем да ги напаѓа канцерогените клетки.

За разлика од многу други онколошки терапии, лекот се аплицира со поткожна инјекција еднаш на три недели, наместо преку интравенозна инфузија.

Истражувачите наведуваат дека несаканите ефекти биле претежно лесни до умерени, а помалку од 10 проценти од пациентите морале да го прекинат третманот.

Лекот, развиен од фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“, моментално се тестира во околу 60 клинички испитувања за различни видови рак, вклучувајќи рак на белите дробови, дебелото црево, желудникот и мозокот.

Научниците предупредуваат дека станува збор за рана фаза на истражување и дека ќе бидат потребни дополнителни студии за да се потврди ефикасноста и безбедноста на терапијата кај поголем број пациенти.

Сепак, резултатите се оценуваат како значаен напредок за пациенти со ограничени терапевтски опции, особено кај агресивните форми на рак на главата и вратот.

Related posts

Поразот на Орбан отвора простор за потопли односи меѓу Унгарија и ЕУ, а за Македонија ефектот ќе биде индиректен

admin

Мицкоски: Имаше обид да ме поткупат за Коридорот 8

admin

ДУИ отвора сомнежи за тендери во Чаир: Над 3,4 милиони евра за новоформирана компанија

admin

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело, треба веднаш да се пријави

admin

Европа молчи додека Вашингтон ја притиска: лидерите обвинети за автоцензура

admin

ЕУ бараше со години, Владата конечно реагира: Доаѓа закон за високите раководители

admin