10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Села му испрати порака на Касами: Ако нема услови – сите во опозиција

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, повика албанските пратеници да не го поддржат Законот за правична и соодветна застапеност, најавувајќи можност за блокада преку Бадентеровиот механизам.

Села во емисијата „Клик Плус“ изјави дека албанските партии располагаат со механизам за блокирање на Законот за правична и соодветна застапеност.

„Имаме само еден механизам во рака за да го блокираме, Бадентерот“, рече Села.

Тој ги повика сите албански пратеници да не го гласаат законот, додавајќи дека е потребно решение кое ќе создаде трајни механизми, а не да зависи од политички гаранции.

„Имам предлог што ќе го понудам и подготвен сум да разговарам со сите што мислат поинаку. Но, треба да има закон што ќе гради механизми без потреба од гаранции од политичари“, изјави лидерот на Алијанса за Албанците.

Во истото интервју, Села најави преименување на неговата фракција, откако судот реши дека АзА е на Арбен Таравари. Тој порача дека не му е важно како ќе се вика партијата, коментирајќи ги најавите дека Алијанса за Албанците би можела да премине во „Албански сојуз“.

„Не ни е проблем како се викаме. Како и да се викаме, јас сум Зијадин Села, Илирида Даути е Илирида Даути“, рече тој.

Села оцени дека евентуалната судска одлука за печатите на партијата нема да биде значајна, бидејќи на конгрес ќе се носат нови политички одлуки.

Тој говореше и за можните партиски бои, велејќи дека виолетовата најмногу одговара на партијата, а како алтернатива ги спомена црвената и црната.

Во делот за политичките односи, Села му испрати порака и на лидерот на ВЛЕН, Билал Касами.

„Му велам на господинот Касами, ако ги цени моите услови, нека стане дел од нив заедно со другиот претседател. Но, ако тие услови не се имплементираат, не само јас, туку и тој да оди во опозиција“, изјави Села.

Тој нагласи дека поставените услови како отстранување на “20%” од Уставот, уставни измени и Бадентер во Уставниот суд, не се декларативни, туку сериозни политички барања.

„Јас сум сериозен. Кога кажувам услов, не го кажувам само за украс“, додаде Села.

Related posts

„Ќе следиме кој стои со Америка“: САД барале НАТО-сојузниците да го напуштат МКС

admin

Трамп го напушти самитот на Г7 предвреме поради конфликтот на Блискиот Исток

admin

Капетановиќ од Њујорк: Балканот не може да чека подобра политичка клима за да соработува

admin

По обуката со Ф-35 пилотите изгледаат како да имаат 100 години

admin

Уставните измени се само една од можните сопки кон влезот во ЕУ

admin

Турција гласа на клучни избори

admin