31.7 C
Скопје
27 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Денес сум јас, утре ќе биде некој друг“ – Стојчевски тврди дека младите се жртви на партиски реваншизам

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Стојчевски, во саботата обвини дека бил преместен на работно место оддалечено 100 километри од неговата досегашна работна позиција поради неговите јавни политички ставови и критики кон Владата.

На прес-конференција, Стојчевски оцени дека станува збор за „класичен партиски реваншизам“ и притисок врз младите кои јавно ги изразуваат своите политички ставови.

„Под казна ме префрлија на 100 километри подалеку од моето работно место. Само затоа што гласно зборувам за оваа влада“, рече Стојчевски.

Тој тврди дека ваквите случаи не се изолирани и дека голем број млади професионалци во јавниот сектор се соочуваат со политички притисоци и дискриминација поради нивните ставови.

„Ова не е моја лична приказна, туку секојдневие на многу млади луѓе во Македонија“, изјави претседателот на СДММ.

Стојчевски додаде дека, според него, реваншизмот ги погодува младите службеници, наставници, лекари и други професионалци кои одбиваат партиска послушност.

Тој повика на, како што рече, заеднички отпор против политичките притисоци во институциите и работните средини, оценувајќи дека државата треба да изгради професионален систем во кој вработувањето и напредувањето ќе зависат од стручноста, а не од политичката припадност.

 

Related posts

Беџети: Не очекувам дека бојкотот ќе има директно влијание врз динамиката на цените

admin

Дипломатскиот имот на С.Македонија во Зимбабве окупиран од диво вселени

admin

Извештај на ЕК: Поларизацијата ги парализира институциите

admin

Незири во Аргумент плус: Победата на Курти носи две опции, коалициска Влада или техничка Влада и нови избори

admin

Трамп, Косово и тајниот план за размена на територии: Болтон проговори

admin

ЕУ објави нова ранг-листа: Еве каде граѓаните живеат најдобро, а каде најтешко

admin