21.9 C
Скопје
27 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

ЕУ го менува пристапот кон проширувањето: Кошта најави нови механизми за побрз влез на Западен Балкан

Европската Унија разгледува нови идеи за поедноставување и забрзување на процесот на проширување со цел да ја зголеми довербата во Унијата и да ја поттикне мотивацијата на земјите од Западен Балкан, изјави во петокот претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват.

Кошта рече дека во изминатите шест месеци е постигнат видлив напредок во процесот на проширување и посочи дека Црна Гора е најблиску до членство во Европската Унија.

„Минатиот месец Европската Унија почна со подготовка на пристапниот договор на Црна Гора. За првпат од 2013 година навистина го одбројуваме времето до следното проширување“, изјави Кошта, додавајќи дека целта е земјата да стане членка на Унијата до 2028 година.

Тој потсети дека минатата недела била одржана меѓувладина конференција со Албанија, со што е отворена нова фаза во пристапниот процес, додека Европската комисија предложила затворање на три преговарачки поглавја.

Според него, српската влада доставила конкретен календар за усвојување на преостанатите реформи во изборното законодавство и правосудството во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија.

Кошта нагласи дека е деблокиран и процесот за отворање на првиот преговарачки кластер за Украина и Молдавија, што, според него, покажува дека реформите и политичката посветеност носат резултати.

„Западен Балкан е составен дел од иднината на Европската Унија. Нивното пристапување останува наш приоритет и важна геополитичка инвестиција“, рече Кошта.

Тој повтори дека целосното усогласување на земјите од регионот со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ останува клучен услов на пристапниот процес.

Лидерите на ЕУ и Западен Балкан на самитот разговарале и за можностите за забрзување на пристапниот процес, при што Кошта потврди дека Брисел разгледува нови механизми кои би овозможиле побрз напредок за земјите што спроведуваат реформи.

Тој оцени дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат неопходни за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на регионот.

„Европската Унија е и ќе остане најсигурниот партнер на регионот, бидејќи иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“, изјави Кошта.

Related posts

Автомобилите на министрите на Мицкоски вредат скоро милион евра

admin

Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши со пораки за Водици: Повик за заедништво, мир и духовно обновување

admin

Зошто постат муслиманите?

admin

ЛОГА ГИ ПОДГОТВУВА ХАШКИТЕ ЌЕЛИИ ЗА ГРУЕВСКИ

ninja

Се приближува крајот на скринингот, сеуште не се наѕира договор за уставните измени

admin

Пендиков: Ќе им помогнам на Бугарите во Северна Македонија

admin