19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дипломатски скандал меѓу Скопје и Софија: МНР бара итна истрага

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го повикало бугарскиот амбасадор во Скопје и побарало објаснување и целосна истрага за објавувањето на дипломатска нота поврзана со патувањето на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски во бугарското зимско одморалиште Пампорово.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека ваквото објавување на дипломатска комуникација е неприфатливо и спротивно на воспоставената дипломатска пракса.

„Очекуваме не само објаснување, туку и темелна истрага како дошло до оваа ситуација. Дури и меѓу држави кои имаат сериозни политички несогласувања или конфликти, ваков тип документи не завршуваат во јавноста“, рече Муцунски.

Тој додаде дека за случајот биле информирани и претставници на НАТО и на стратешките партнери на земјата.

Според Муцунски, Скопје и Софија имаат различни толкувања во однос на европските интеграции на Северна Македонија, но нагласи дека државата бара јасни гаранции оти процесот на пристапување во Европската унија нема да биде предмет на нови билатерални условувања.

Изјавата следува откако претседателката на бугарското Собрание, Михаела Доцова, повтори дека договорениот европски консензус од 2022 година не подлежи на повторно преговарање и дека уставните измени остануваат услов за продолжување на евроинтегративниот процес.

Во меѓувреме, Муцунски информираше дека Министерството работи на пополнување на 12 испразнети амбасадорски позиции, додека за уште 16 дипломатски места се водат консултации. За амбасадорската позиција во Софија веќе е предложен кандидат од редот на професионалните дипломати.

Related posts

Максимум штедење за минимум живеачка

admin

Неделава ЕУ ќе ги соопшти санкциите против Косово

admin

Касами со до правосудните органи: Вистинските виновници за трагедијата во Тетово се Анѓушев и Филипче

admin

СДСМ: ВМРО ги лажеше граѓаните за Преспанскиот договор и НАТО

admin

Автомобилите на министрите на Мицкоски вредат скоро милион евра

admin

Синдикатот на културата поднесе кривична против министерот Љутков, тој ги отфрли

admin