35.5 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Кошта ја пресече дилемата? Филипче тврди дека останал само еден услов за ЕУ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, потврдила дека усвојувањето на уставните измени останува единствениот услов за продолжување на пристапниот процес на Северна Македонија кон Европската Унија.

„Нема дополнителни гаранции и нема дополнителни услови. Постои само едно – уставни измени“, рече Филипче на прес-конференција, оценувајќи дека тврдењата за можност од одложено дејство или посебни гаранции се нереални.

Тој ја обвини Владата дека преку политичка реторика го одложува европскиот процес и повторно повика на референдум на кој граѓаните би се изјасниле за европската иднина на земјата.

Според Филипче, внесувањето на малцинствата во Уставот е обврска поврзана со европскиот процес и отворањето на преговарачките поглавја, а не исклучиво билатерално прашање со Бугарија.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, остана на ставот дека Владата нема да прифати чекори кои не гарантираат предвидлив и завршен процес на пристапување.

„Нема цена што ќе нè натера да влеземе во авантура без да знаеме дека таа ќе има извесен крај“, изјави Мицкоски, додавајќи дека земјата во минатото повеќепати добивала ветувања кои не резултирале со напредок во евроинтеграциите.

Тој оцени дека процесот на интеграција треба да се води внимателно и дека Северна Македонија нема да отстапи од своите позиции без дополнителна извесност за понатамошниот тек на преговорите.

За време на посетата на Скопје, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека договорените уставни измени остануваат предуслов за формално продолжување на пристапните преговори.

„Треба да се испорача она што е договорено – ништо повеќе и ништо помалку“, рече Кошта, повторувајќи го ставот на Европската Унија дека преговарачката рамка останува непроменета.

Различните толкувања на пораките од Брисел повторно ја отворија домашната политичка дебата за евроинтеграциите, во пресрет на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват.

Related posts

Трамп се дистанцира од израелскиот напад врз иранско гасно поле

admin

„Македонија тивко умира“: Предлог за данок на немажени предизвика дебата во Северна Македонија

admin

Колку С.Македонија плаќа за НАТО?

admin

Зошто Александар Вулин се најде на црната листа на САД?

admin

САД санкционираа над 50 олигарси и соработници на Путин, меѓу кои и портпаролот Песков

ninja

ВМРО-ДПМНЕ: Функсионерите на СДСМ и ДУИ си ги вдомиле нивните блиски во државни институции

admin