27.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мојсоска со тешки обвинувања: Што се крие зад двегодишната предистрага за „Бехтел и Енка“?

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, на денешната собраниска расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски обвини за селективно постапување на институциите и побара одговори за предметот поврзан со проектот „Бехтел и Енка“.

Мојсоска рече дека случајот поврзан со надзорот на проектот повеќе од две години се наоѓа во предистражна постапка без конкретен епилог, иако, според неа, ВМРО-ДПМНЕ додека била во опозиција јавно презентирала докази за наводни незаконитости.

„Како во опозиција лесно наоѓавте докази за криминал, а сега по две години власт сè уште водите предистрага за истите тие наводи?“, праша Мојсоска од собраниската говорница.

Таа го поврза случајот со враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби во земјата и ја критикуваше проценката на Министерството за внатрешни работи во врска со безбедносните ризици кои биле доставени до обвинителството.

Пратеничката ја обвини полицијата и за, како што рече, различен пристап кон граѓански активисти и лица поврзани со големи криминални случаи.

„Системот е трул, но таа трулост ја создаваат партиите кои со децении управуваат со државата и ја хранат со корупција, криминал и неказнивост“, изјави Мојсоска.

Интерпелацијата за министерот Тошковски беше поднесена од Левица, а владејачкото мнозинство претходно најави дека нема да ја поддржи.

Related posts

По бунтот на Вагнер, Кремљ во офанзива за одбрана на имиџот на Путин

admin

СЕВЕРНО КОСОВО: „ВЕЌЕ НЕ СУМ СИГУРЕН ЗОШТО СУМ ОВДЕ“

ninja

Ривалството меѓу Рама и Курти се прелева на македонски терен?

admin

Американски аналитичари: Европа би профитирала ако САД се повлечат од НАТО

admin

Новиот командант на НАТО упати порака на единство на церемонијата на примопредавање

admin

ТЕХНИЧКА СИМБОЛИКА ЗА ПРЕМИЕРОТ АЛБАНЕЦ

ninja