11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Сали открива: Се менуваат министри, се ротираат ресори – Владата пред реконструкција

ВЛЕН е подготвен за предвремени парламентарни избори доколку се појави нов политички моментум, но во моментов не гледа потреба од нивно одржување, изјави првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали.

Во интервју за „360 степени“, Сали рече дека граѓаните очекуваат реализација на ветените политики и дека барањето избори само заради политички пресметки би било штетно и за политичарите и за државата.

Тој потврди дека во рамки на тековните разговори за реконструкција на Владата се разгледуваат можни кадровски промени и ротација на ресори, при што здравството, европските прашања и ресорот правда се дел од разговорите меѓу коалициските партнери.

Сали најави и дека Владата е блиску до решение за полагањето на правосудниот испит на повеќе јазици, додека практичниот дел би останал на македонски јазик.

Во однос на Законот за правична застапеност, тој оцени дека станува збор за најдоброто решение досега и ги отфрли критиките на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека токму во нејзино време бил напуштен системот на „балансер“.

Related posts

Проширена “црната листа” на САД – Самсоненко ќе му прави друштво на Камчев

admin

Скопје ја бара Ива Михајлова со меѓународна потерница – што ќе направи Бугарија?

admin

Жестоки критики и опасна реторика меѓу СДСМ и ДУИ

admin

„Има нешто поголемо од секоја партија – Македонија“: Пораката на Мицкоски за Илинден

admin

Официјално се регистрирани 780 нелегални градби, за Чаир и за неколку општини нема податоци

admin

Даути на средба на СКСЗМ со швајцарскиот амбасадор во Скопје

admin