29.9 C
Скопје
16 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Ќе плаќате повеќе за кредитите? Народната банка ја зголеми каматата

Народната банка на Северна Македонија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 4,25%, во обид да ги ограничи инфлаторните притисоци и да ја зачува ценовната стабилност.

Гувернерот Трајко Славески изјави дека ризиците за инфлацијата остануваат претежно нагорни и покрај знаците на стабилизација на девизниот пазар и намалените очекувања за раст на цените кај потрошувачите.

„Подобро повисоки каматни стапки отколку повисока инфлација“, рече Славески на прес-конференција.

Одлуката претставува сигнал до деловните банки, кои вообичаено ги приспособуваат каматните стапки на кредитите и депозитите во согласност со монетарната политика на централната банка.

Славески рече дека од почетокот на годината била забележана зголемена побарувачка за девизи од корпоративниот сектор, што барало поголема интервенција на Народната банка на девизниот пазар. Според него, од мај наваму побарувачката се стабилизирала, додека најновите случувања на Блискиот Исток носат поголема извесност за намалување на геополитичките ризици.

Универзитетскиот професор Владимир Филиповски оцени дека банките најверојатно ќе го следат сигналот од централната банка и постепено ќе ги зголемат каматните стапки.

„Тоа нема да биде механички пренос еден спрема еден, но банките вообичаено ги следат сигналите што ги испраќа централната банка“, изјави Филиповски.

Одлуката на Народната банка доаѓа откако Европската централна банка неодамна ја зголеми референтната каматна стапка за првпат од 2023 година.

Во однос на најавеното зголемување на банкарските провизии, Славески повтори дека не гледа оправданост за таков потег, оценувајќи дека профитабилноста на банкарскиот сектор останува стабилна. Тој најави дека се разгледуваат законски решенија со кои дел од основните банкарски услуги би можеле да станат бесплатни, по примерот на Хрватска.

Related posts

Почина Субрата Рој, бизнисменот кој беше најавен како спасител на македонската економија

admin

Северна Македонија и Косово во голема мера зависат од јагленот како главен извор на енергија

admin

Асад во историја, Сирија со нови владетели

admin

Жестоки критики и опасна реторика меѓу СДСМ и ДУИ

admin

Османи: Ќе излеземе од владата ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени

admin

Фон дер Лајен: Сакаме што поскоро да ги отвориме преговорите со Скопје и Тирана

admin