25.9 C
Скопје
10 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните да се подготват за „маратон на сиромаштијата“

Опозициската СДСМ ја обвини Владата дека ја води државата кон продлабочување на економските проблеми, оценувајќи дека пораката на премиерот Христијан Мицкоски граѓаните да се „припремат за маратон“ претставува признание дека земјата ја очекува долг период на економски предизвици.

Во партиското соопштение се наведува дека економската состојба е значително потешка од, како што велат, сликата што ја претставува Владата во јавноста.

Според СДСМ, до јуни веќе е потрошен најголемиот дел од планираниот буџетски дефицит за целата 2026 година, кој изнесува 670 милиони евра, поради што партијата оценува дека ребалансот на буџетот е неизбежен.

Опозициската партија тврди дека буџетот бил донесен врз основа на нереални проекции за економски раст и дека високата реализација на капиталните инвестиции во најголем дел се должи на подмирување на обврски од претходната година, а не на реализација на нови развојни проекти.

СДСМ оценува дека економскиот модел останува зависен од личната потрошувачка, наместо од извозот и продуктивните инвестиции, што, според партијата, дополнително ја зголемува инфлацијата и ја прави економијата почувствителна на надворешни шокови.

Во реакцијата се посочува и дека застојот во евроинтегративниот процес ја лишува државата од значителна финансиска поддршка и можности за користење европски фондови.

„Кога премиерот вели ‘припремете се за маратон’, тоа не е повик за издржливост, туку најава дека граѓаните треба да се навикнат на долготрајна сиромаштија“, наведува СДСМ.

Партијата повика на, како што велат, реални економски реформи, поголеми инвестиции и забрзување на европските интеграции.

 

Related posts

БЕКТЕШИ НЕ ОЧЕКУВА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРВ И ВТОР БЛОК

ninja

По салмонелата во Прилеп, ново сомнение за труење со храна во фабрика во Штип

admin

Села обвини дека Законот за правична застапеност е обид на ВМРО-ДПМНЕ да го попречи вработувањето на Албанците, реагира Меџити

admin

КОЛКУ МНОГУ АГЕНТИ

ninja

Холандската полиција се соочи со „невидено“ насилство за Нова година

admin

Огромен трговски договор меѓу ЕУ и САД – во игра 1,7 трилиони евра

admin