21.1 C
Скопје
22 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче ја бара формулата за враќање на СДСМ: Денеска се крои новата партиска стратегија

СДСМ денеска во Скопје го одржува 32. програмски конгрес, на кој делегатите треба да ја усвојат новата идеолошка платформа и програмската рамка на партијата во обид за политичко репозиционирање по серијата изборни порази.

Конгресот започнува со обраќање на претседателот на партијата, Венко Филипче, по што делегатите ќе работат во шест програмски групи кои треба да ги финализираат документите за идниот политички курс на СДСМ.

Настанот доаѓа во период кога најголемата опозициска партија се обидува да ја надмине фазата на внатрешна консолидација и да понуди нова политичка визија по кадровските промени и намалената поддршка кај гласачите.

Филипче во изминатите месеци повеќепати најавуваше дека СДСМ треба повторно да се отвори кон граѓаните и да понуди сопствена политичка агенда, наместо политиката да ја гради исклучиво преку критика на власта.

Во новата програмска рамка се очекува акцентот да биде ставен на економските и социјалните политики, европската интеграција, владеењето на правото, демократските институции и позиционирањето на СДСМ како носител на прогресивниот политички блок.

Конгресот се одржува само неколку дена по промоцијата на „Скопската иницијатива“, преку која СДСМ се обидува да воспостави поширока соработка со социјалдемократските и прогресивните партии од Европа и Западен Балкан.

За партијата, денешниот собир претставува тест дали најавената обнова може да биде преточена во конкретна политичка програма и основа за враќање на политичката релевантност пред следниот изборен циклус.

Related posts

Ескалира ситуацијата, Вучиќ нареди војската да се упати кон Косово

admin

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

admin

По месец дена потрага уапсен индиски сепаратист

admin

Чествувањето на Делчев – нов лакмус за Софија

admin

Николоски: Не очекувам Таравари да соработува со ДУИ, тоа би било политичко самоубиство

admin

Снегот воведе привремени забрани за камиони на патиштата во западна Македонија

admin