28.6 C
Скопје
21 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Владо Черноземски наместо Маршал Тито? Историчар Албанец отвори нова дебата во Тетово

Историчарот од Тетово, Нури Беџети, предложи централниот плоштад во Тетово да биде преименуван од „Маршал Тито“ или „Илирија”, во „Владо Черноземски“.

Предлогот беше објавен преку јавен настап на косовска телевизија и претставува нова иницијатива во дебатата за имињата на јавните простори во градот, пишува порталот Тетова сот.

„Тетово како град, како ‘папок’ на Албанците, треба да го чествува Владо Черноземски со споменик.“, изјавил Беџети, пренесува порталот. „Со тоа ќе им ставиме до знаење дека Македонија е независна држава, дека нема ништо со Србија.“

„Тоа се впрочем и идеалите на ВМРО.“, додал тој.

Владо Черноземски е историска личност позната како атентаторот на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, кого го уби во Марсеј во 1934 година. Неговата улога останува предмет на различни историски и политички толкувања во регионот.

Плоштадот во Тетово сè уште го носи името на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито, додека во 2007 Општината го има преименувано во Илирија.

Засега нема официјална реакција од Општина Тетово дали ќе биде покрената постапка за разгледување на предлогот. Според законската процедура, евентуалната промена на име на јавен простор би требало да биде разгледана и усвоена од Советот на Општината, доколку биде поднесена како официјална иницијатива.

Related posts

Макрон бара од Израел воздржаност во Либан

admin

Европа се вооружува – се гради нова безбедносна архитектура

admin

Ескобар: Добивме уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат

admin

Енергетска криза поголема од сите досега: ИЕА предупредува дека шокот од Иран ја надминува 1973, 1979 и 2022 заедно

admin

Балканските камиони го парализираа ЕУ: Дали границите ќе останат затворени?

admin

Дали европската шлаканица ќе го отрезни судскиот систем

admin