18.7 C
Скопје
1 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Подобро закон со недостатоци отколку без закон“: Гаши го брани предлогот за етничка застапеност

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека Предлог-законот за правична и соодветна застапеност може да има недостатоци, но нагласи дека неговото донесување е неопходно по 22 години чекање.

Гаши пред новинарите рече дека Владата и институциите не се обидуваат „да протнат“ закон без јавна расправа, додавајќи дека текстот бил подготвуван две години со учество на експерти и поминал редовна законодавна постапка и јавна дебата.

„Не е идејата да се контрабандира нешто на кое работевме две години со учество на експерти. Законот е донесен во редовна постапка и со јавна расправа. Се обидувам да создадам простор за разговор меѓу пратеничките групи за да биде усвоен еден толку важен закон што го чекаме 22 години“, изјави Гаши.

Тој повика политичките партии да ги искористат сите механизми за да постигнат поширок консензус околу законското решение.

„Не сме рекле дека законот е совршен. Тој може да има недостатоци, но тие засега се претпоставуваат. Сметам дека е многу подобро да имаме закон за правична и соодветна застапеност отколку воопшто да немаме закон“, рече Гаши.

Предлог-законот за правична и соодветна застапеност е едно од клучните законски решенија поврзани со спроведувањето на уставниот принцип за еднаква застапеност на заедниците во јавниот сектор и е предмет на политички дебати меѓу власта и опозицијата.

Related posts

Русија ја нападна Украина

ninja

РСЕ: ЕУ бара Охридскиот договор да се вклучи во преговарачката рамка за Србија

admin

Русија тврди дека германски и француски авиони се обидувале да навлезат во нејзин воздушен простор

admin

Етнички квоти или мерит-систем? Новиот закон отвори стара политичка битка

admin

Нафтата повторно над 100 долари

admin

Хантавирусот го држи светот во неизвесност – уште патници под надзор

admin