7.8 C
Скопје
23 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ахмети за првпат го постави државното знаме во својот партиски кабинет

По 24 години од формирањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во кабинетот на претседателот на партијата Али Ахмети за првпат е поставено државното знаме на Северна Македонија, пишува порталот на албански јазик ТС.

Знамето беше забележано за време на средбата на Ахмети со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер.

Во изјава за порталот ТС, Ахмети рече дека отсекогаш бил поддржувач на концептот на унитарна држава и дека поставувањето на државното знаме никогаш не било спорно за него.

„Отсекогаш сум бил за унитарна држава. Тоа беше и сугестија од странските амбасадори во земјата, кои на средбите ми предлагаа во мојот кабинет да биде поставено знамето на државата Северна Македонија“, изјави Ахмети.

Тој додаде дека државата им припаѓа на сите нејзини граѓани и дека државните симболи треба да се почитуваат.

Поставувањето на државното знаме во кабинетот на лидерот на ДУИ претставува симболичен потег и, според Ахмети, испраќа порака за соживот, меѓусебна почит и еднаквост на сите заедници во Северна Македонија.

Related posts

Николоски: Не очекувам Таравари да соработува со ДУИ, тоа би било политичко самоубиство

admin

ДУИ му реагира на Мицкоски: Албанците се маргинализирани, се враќа атмосферата од пред 2001 година

admin

Софија: Бугарија нема дополнителни услови за Македонија, вели шефот на дипломатијата Георгиев

admin

АфД – нова неолиберална работничка партија?

admin

Бектеши: Власта дала инструкции за следење на опозицијата

admin

Продолжено примирје, зголемена тензија: Дали ова е само пауза пред нов судир?

admin