7.8 C
Скопје
1 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ: ВЛЕН нема етнички легитимитет за Законот за правична застапеност

ДУИ соопшти дека коалицијата ВЛЕН, наместо да одговори на забелешките за предложениот Закон за правична и соодветна застапеност, се служи со клевети и политички напади.

Од партијата посочуваат дека министерот Горан Минчев изјавил оти законот може да биде донесен и со „мал Бадентер“, додека вицепремиерот Изет Меџити јавно ја повикал албанската опозиција да го поддржи законското решение. Според ДУИ, тоа покажува дека ВЛЕН нема доволен етнички легитимитет и потребен број пратеници за обезбедување Бадентерово мнозинство.

ДУИ соопшти дека нема да поддржи закон кој, според нив, не предвидува обврзувачки механизми, санкции и гаранции за спроведување на правичната и соодветна застапеност, туку неговата примена ја остава на методологии што дополнително ќе ги утврдува Владата.

„Одбраната на Охридскиот рамковен договор и уставните гаранции не е блокада, туку политичка и национална одговорност“, наведуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека ВЛЕН претходно ветувал механизам „посилен од Балансерот“, а сега предлага закон кој, според ДУИ, е послаб од постојното решение.

ДУИ оценува дека интересите на Албанците не се штитат со политичка пропаганда, туку со законски решенија што обезбедуваат реални гаранции, правна сигурност и спроведливи механизми. Партијата додава дека, доколку ВЛЕН смета дека предложениот закон е добар, треба самостојно да го брани пред јавноста, наместо да бара поддршка од опозицијата.

Related posts

Софија го однесе спорот во ОН, Мицкоски нуди преговори – но бара ЕУ да седне на масата

admin

Беран Алији по потекло од Северна Македонија е првоосомичен за планираните терористички напади на концертите на Тејлор Свифт

admin

ЛУКОИЛ тоне, ризикува да губи 14 милијарди евра

admin

Мицкоски ја прекрои Владата: Клековски во Здравство, Стоилковиќ стана “шеф” на градоначалниците

admin

Сиљановска-Давкова од Самитот на НАТО: Единство, безбедност и пораки за ЕУ интеграции

admin

САД се блиску до договор со Израел и Хамас за да го прекинат конфликтот, да ослободат некои заложници

admin